Какво деби на Кореа за Интер, со два гола му донесе победа со пресврт на првакот (Видео)

Тренерот Симоне Инѕаги знаеше каков играч сака да донесе во Интер кога бараше од клубот да го купат Хоакин Кореа од Лацио. Вечерва на гостувањето кај Верона, Инѕаги го стави во игра Кореа и му дозволи да дебитира, а Аргентинецот на довербата врати со победнички гол за 3-1 во 83-та минута, а даде уште еден гол за потврда на триумфот во 94-та минута.

Верона водеше со 1-0 по првото полувреме, но Лаутаро Мартинес изедначи и го најави пресвртот. Потоа Мартинес во 74-та минута излезе од игра, и на негово место влезе Кореа.

Ова е феноменалниот клучен гол со глава на Кореа за 2-1:

https://twitter.com/i/status/1431353498537324545

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести