Какво деби на Тухел на клупата на Баерн, неговиот поранешен тим прими покер голови (Видео)

Томас Тухел на најдобар можен начин дебитираше на клупата на Баерн Минхен, неговите фудбалери славеа во најголемото германско дерби.

Баварците на „Алијанц арената“ со убедливи 4:2 ја совладаа Борусија Дортмунд и се вратија на лидерската позиција на табелата во Бундеслигата. Баерн сега е лидер на табелата со 55 бода, два повеќе од Борусија Дортмунд, додека Унион Берлин е трет со 51 освоен бод по 26 кола.

Гол серијата беше отворена во 13-та минута со неверојатниот кикс на голманот на Борусија, Грегор Кобел, кој ја промаши топката која од сопствената половина ја упати Дајот Упамекано, и таа заврши во мрежата на Милионерите.

Само пет минути подоцна, Томас Милер зголеми на 2:0, а баварците победата ја обезбедија во првото полувреме откако Милер во 23-та минута зголеми на 3:0.

https://twitter.com/i/status/1642209360615989254

На стартот од вториот дел, во листата на стрелци се запиша и Кингсли Коман.

https://twitter.com/i/status/1642221568901169153

До крајот на средбата, Милионерите успеаја да го ублажат поразот со головите на Емре Џан од пенал и на Мален.

- Оглас -

Најнови вести