Калиџури го спасува Шалке, Фаријас не дозволи прва гостинска победа на Емполи

Даниел Калиџури во вистински момент беше расположен за голови, а Шалке 04 забележа триумф од 2:1 против Волфсбург и побегна од зоната за испаѓање во Бундеслигата.

Ветеранот кај тимот од Гелзенкирхе беше прецизен во осмата минута од белата точка, а со уште еден погодок, но во второто полувреме ги потврди бодовите за домаќинот. Голот на Реџбечај за Волсфсбург не беше доволен да се продолжи серијата од три победи на волците.

Во Серија А, Диего Фаријас со гол во последните моменти го спречи првиот гостински триумф на Емполи сезонава. Гостите имаа предност од 2:1 до 91. минута, но Бразилецот со погодок му донесе реми на Калјари.

- Оглас -

Најнови вести