Како да е Болт: Канте во 94 минута за осум секунди го претрча цел терен (Видео)

Челзи синоќа го победи Атлетико Мадрид со 2:0 и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Иако не даде гол, еден од најзаслужните за победата на лондонскито тим е Н’голо Канте. Играчот кој е „мотор“ во екипата на Челзи во текот на сите 90 минути беше речиси секаде на теренот каде што беше потребно.

Против Атлетико Мадрид успеа 13 пати да го врати поседот на топката на својот тим, имаше две директно освоени топки, седум дриблинзи, две клучни додавања и дури 88 отсто успешни пасови кон соиграчите.

Како врв на одличната игра во текот на целиот меч, Канте во последната минута од дуелот покажа дека иако повеќе од 90 минути трча на теренот, нема проблем да направи спринт кога треба да се направи контра напад. Канте беше пред својот шеснаесетник кога Челзи ја освои топката и домаќините тргнаа во контра напад.

Канте без размислување тргна во напад и со него „повлече“ противнички играчи, со што се отвори простор за Емерсон да погоди. На снимката се гледа дека на Канте му беа потребни само осум секунди за да претрча повеќе од 70 метри и тоа по 90 минути трчање на теренот, што само е потврда за неговата физичка подготовеност.

https://twitter.com/i/status/1372352345695252482

 

- Оглас -

Најнови вести