Капело: Ако Де Лихт дојде во Јуве, ќе нема трка за титула во Серија А

Трансфер сагата околу Матајс Де Лихт е меѓу топ темите за ова лето. Капитенот на Ајакс е баран во Шпанија, Англија, Италија, Франција, најголемите европски гиганти „се тепаат“ за неговиот потпис. Медиумите го селеа во Барселона, па во ПСЖ, а сега му го најавија трансферот во Јувентус.

Наводно, условите се веќе договорени, но така беше и со шпанскиот и со францускиот првак, а Холанѓанецот нема склучено соработка со ниту еден клуб, бидејќи е на одмор. Сепак, Де Лихт е актуелна тема на Апенините, па за него го прашаа и поранешниот тренер на Реал Мадрид, Милан, Јувентус и Рома, Фабио Капело, што мисли околу евентуалниот ангажман во редовите на Старата дама.

„Ако Јувентус навистина успее да го доведе Де Лихт, тогаш нема да има трка за титула во Серија А. Со него ќе бидат двојно посилни, не верувам дека некој ќе може да им парира. Со трансферот на Де Лихт предвреме ќе се знае новиот шампион. Но, ако Јуве не ги добие неговите услуги, тогаш Наполи и Интер можат да се надеваат дека ќе успеат да стават крај на доминацијата“, истакна Капело.

- Оглас -

Најнови вести