Капело: Ако Наполи биде шампион, тоа ќе биде подвиг како мојот со Рома

Еден од најголемите италијански фудбалски стручњаци и еден од најтрофејните, Фабио Капело, вели дека тимот на Наполи, кој во моментов убедливо води во Серија А, го потсетува на неговата Рома од 2000/2001, кога Волчицата неочекувано стана шампион на Италија.

По 19 кола, Наполи има дури 12 бода повеќе од Милан и ова му е најголема прилика да стане првак по пауза од 30 и нешто години.

„Ако Наполи освои Скудето, тоа ќе биде успех како кога јас со Рома станав шампион. Наполи мора да остане фокусиран, да не се опушта и да не се предава. Делува дека немаат никакви проблеми, играчите знаат кои им се силните страни, а голема заслуга има и тренерот Спалети“, изјави Капело, кој ги анализираше и некои од поединците.

„Кварацхелија и Осимен играат многу добро, но да не заборавиме кој е зад нив. И други фудбалери вршат многу голема работа, а им помагаат и на нив двајца“, додава Капело.

- Оглас -

Најнови вести