Капело без влакна на јазикот ја искритикува Старата дама: Срамота…

Фабио Капело како поранешен тренер и на Јувентус и на Милан имаше своја анализа по вчерашното дерби кое Старата дама го загуби со 0-3 од Росонерите. Капело вели дека Јувентус треба да се засрами за вчерашниот настап, додека не беше посебно импресиониран од тимот на Пиоли.

„Срамота е како играше Јувентус. Играчите на Пирло како да не се појавија на теренот во првите 45 минути. Немаа идеја како да играат, така се покажаа и против Удинезе минатата недела. Милан си го направи своето, меѓутоа без многу да се троши, во нивната игра недостасуваше агресивност. И двете екипи направија премногу грешки, особено во првото полувреме. Поради тоа се запрашав дали се доволно квалитетни да бидат дел од некаква си Суперлига“, посочи Капело.

Кога веќе се споменува Суперлигата, Милан се повлече од проектот со уште осум екипи, додека Јувентус и натаму се држи до планот заедно со Барселона и Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести