Капело го предупредува Мурињо: Рим уништил и изгорел многумина!

Фабио Капело, кој во 2001 година ја освои последната титула на Рома во Италија, знае колку е тешко за Волчицата да се бори за трофеи во таква силна конкуренција во Серија А и го предупредува Жозе Мурињо дека мора да биде свесен за опасностите кои го чекаат во Вечниот Град. Фановите на Рома се во еуфорија, почнаа да сонуваат титула, но Капело вели дека Жозе не е доволен, ќе треба и квалитетни засилувања.

„Мурињо доаѓа во најубавиот град на светот, но и град кој може да уништи и изгори секого. Во Рим е неверојатно тешко да се работи, тоа е специфична средина со силни емоции и големи очекувања, немаат трпение“, изјави Капело, кој ја водеше Рома од 1999 до 2004 година.

„Потребни се силна група играчи и добар тим на соработници. Не се сомневам дека Мурињо ќе ја обедини екипата, тој е човек со висок интелект, со карактерот се вклопува во секаква средина. Немаше успеси во последно време, но неговото знаење е огромно“, додава Капело.

 

- Оглас -

Најнови вести