Капитените Модриќ и Роналдо влегоа во историјата на Мундијалите

По многу нешта ќе се памти дуелот меѓу Португалија и Хрватска. Освен драмата по која се случи во финишот, голот на Португалија што донесе многу радост за нив и поништениот погодок на Хрватска за разочарување на Коцкестите.

Во двете селекции со капитенските ленти беа фудбалери кои се вистински легенди на светскиот фудбал, Кристијано Роналдо и Лука Модриќ. Двајцата може да се пофалат дека имаат одиграно преку 200 натпревари во дресовите на своите национални тимови, што доволно кажува колку значат за Португалија и Хрватска.

Овој меч од нокаут фазата меѓу овие две селекции сега е историски и по уште еден податок. За прв пат во историјата на Мундијалите на терен имаше двајца фудбалери кои имаа 40+ години. Роналдо има 41 година и 147 денови, додека Модриќ е нешто помлад и тој во септември ќе наполни 41 година.

Роналдо и Модриќ многу добро се познаваат уште од времето кога заедно играа за Реал Мадрид. По денешниот меч, двајцата капитени се сретнаа и си разменија зборови, а Кристијано потоа откри што му кажал на Лука.

„Толку многу години играв заедно со Модриќ. Убаво е да се види дека уште игра на врвно ниво. Му реков, честито Лука и со среќа во понатамошната кариера“, рече Роналдо, кој со погодокот постигнат од пенал против Хрватска стана и најстариот фудбалер кој дал гол во нокаут фаза на СП.

- Оглас -

Најнови вести