Капитенот Адеми играше меч за клупска историја на Динамо

Аријан Адеми како капитен го предводеше Динамо Загреб против Рудеш, а популарните „модри“ по пауза од 55 години ја повторија највисоката победа од 7:2.

Само уште еднаш во клупската историја на актуелниот хрватски шампион е забележана идентична победа, во 1964 година против Партизан.

Адеми одигра 65 минути и присуствуваше на рекордот на Мислав Оршиќ, кој е автор на најбрзиот хет-трик во историјата на Динамо. Напаѓачот постигна три гола во кус интервал од само 7 минути, од 57. до 64. минута што е клупски рекорд.

На Оршиќ му фалеше да биде само една минута побрз, за да го има во ко-сопственост најбрзиот хет-трик во историјата на хрватските шампионати. На врвот остана Давор Вугринец со три гола за Загреб во рок од само шест минути, во сезоната 2009/10.

- Оглас -

Најнови вести