Карабатиќ сепак ќе игра на Светското првенство

Актуелниот ракометен планетарен владетел Франција, синоќа се намачи во дуелот против Бразил и едвај победи со 24:22, во првото коло на Мундијалот во Германија и Данска. Лошата игра на „триколорите“ и фактот дека за малку можеа и да не победат против Бразил, беше знак дека во составот мора да се врати Никола Карабатиќ.

Најдобриот ракометар во светот е повреден, но сепак ќе мора да им помогне на своите соиграчи. Со Карабатиќ во тимот, „галските петли“ од 2006 година до сега се имаат четири светски, три европски и две олимписки златни медали. Едноставно Карабатиќ е „магнет“ за златото, па затоа веднаш, уште по завршување на првото коло од планетарниот собир, Франција реши во составот да го врати спортскиот херој.

Во второто коло на СП, Франција вечерва ќе игра против Србија, а Карабатиќ ќе биде на трибините. Од утре тој се приклучува на тренинзите на националниот тим.

Македонија доколку ја помине првата групна фаза, во главната групна фаза за противник ќе ја има Франција и тоа со Карабатиќ во составот.

 

- Оглас -

Најнови вести