Карено Буста е следниот лесен предизвик за владетелот на тронот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ – Пабло Карено Буста (01ч – АТП Мастерс 1000 Синсинати, осминафинале)

Новак Ѓоковиќ има намера да го одбрани трофејот во Синсинати, па во добро расположение да продолжи и на Отвореното првенство на САД. Во неговиот втор настап годинава на еден од американските АТП Мастерс 1000 турнири ќе се сретне со шпанскиот тенисер Пабло Карено Буста. Првиот светски рекет досега не загубил средба од 53-то рангираниот тенисер, двапати славел во Монте Карло, а сега првпат ќе ги одмерат силите на тврда подлога.

Во првиот меч по триумфот на Вимблдон, Ѓоковиќ играше против Кереј, кого го победи со 2-0 во сетови за помалку од 80 минути, а тој меч најавува дека и ноќеска Србинот лесно ќе обезбеди пласман меѓу најдобрите осум учесници.

Предлог тип: 1 & <18.5 гема (2.20)

 

Медисон Кијс – Симона Халеп (01ч – ВТА Мастерс 1000 Синсинати, осминафинале)

Романката две години по ред е вицешампионка во Синсинати, па се надева дека оваа сезона ќе и се насмевне среќата во третиот обид да го освои пехарот. Халеп има голема самодоверба по доминацијата на Вимблдон, иако вчера се мачеше против Русинката Александрова.

Халеп денес ќе се соочи против американската тенисерка, против која не знае за пораз во шест последователни меѓусебни средби. Три од тие шест победи се на тврда подлога, но и Кијс во 2014 година исто така на тврда подлога се радуваше против четврторангиранта светска тенисерка.

Предлог тип: 2Сет >9.5 гема (2.05)

 

Њујорк јенкис – Кливленд индијанс (01:05ч – МЛБ лига)

Јенките во овие 15 дена од август одиграа исто толку натпревари во кои запишаа 13 победи и само два порази. Едната серија траеше девет победи, додека втората им е уште активна и може да се продолжи на шест триумфи во низа.

За тоа имаат големи шанси бидејќи ноќеска на домашен терен им гостува екипата од Кливленд, бидејќи Индијанците веќе две години со наведнати глави го напуштаат Њујорк. Последната меѓусебна пресметка Јенкис и Индијанс ја одиграа на 9 јуни, во која тимот од Големото Јаболко славеше со 6-7 по фантастичниот втор ининг, во кој постигнаа пет поени.

Предлог тип: прв ининг X (1.80)

 

Филаделфија филис – Чикаго кабс (01:05ч – МЛБ лига)

Екипата од Филаделфија има намера да ги добие сите средби против Чикаго, како што го сторија тоа во претходните два меча кои се одиграа изминативе денови. Во вчерашниот дуел славеа со високи 11-1 и со тоа им го нанесоа четвртиот пораз на Кабс во последните пет меча.

Со нов триумф Филаделфија ќе се доближи до Чикаго само на една победа на табелата во нивната конференција, па затоа типувајте триумф на домаќините, иако според квотите, Чикаго е фаворит во пресрет на третата последователна пресметка.

Предлог тип: 1 (2.28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести