Кари погодуваше тројки од трибина и половина терен, но не можеше со триото на Спарс (Видео)

Голден Стејт вориорс го претрпе само четвртиот пораз сезонава во НБА лигата, Воините беа изненадени дома од Сан Антонио спарс (имаат 8-13) со 107-112.

Како во времето на големото трио Данкан-Паркер-Џинобили кога освојуваа титули, така Мамузите синоќа имаа тројца различни кошаркари кои постигнаа над 20 поени, и тоа им ја донесе победата. Дерик Вајт, Деџонт Мареј и Лони Вокер заедно постигнаа 69 поени.

Стеф Кари даде 27 поени, погоди скромни пет тројки од 17 обиди, но едната тројка беше од половина терен во последна секунда од третата четвртина. За Голден стејт заврши серијата од 11 победи по ред на домашен терен.

Интересно беше и во Чикаго, каде Булс му нанесе пораз на фаворизиранит Бруклин нетс од 111-107, најубедлив беше Бостон кој со 145-117 го прегази Портланд, а Далас без Дончиќ и Порзингис даде само 90 поени, и немаше шанса против Мемфис.

Погледнете од каде погоди Кари пред почетокот на мечот:

https://twitter.com/i/status/1467301860742737922

- Оглас -

Најнови вести