Кариерата ја заврши творецот на најлудиот кош во историјата на НБА (Видео)

Кошаркарот Тревор Букер на 32 години реши да ја заврши играчката кариера. Тој не освои титула во НБА-лигата, нема да се памети ниту по некои сензационални индивидуални квалитети, но љубителите на НБА-лигата добро знаат за кого станува збор. Тревор, кој е брат на Девин Букер, кој игра за Химки, во дресот на Јута џез даде еден кош кој ја разби тезата дека минималното време за постигнување на поен по изведен аут е 0,3 секунди.

Букер во 2010 беше драфтуван од Минесота, но веднаш го проследија во Вашингтон. За време на локаутот, кратко играше во Израел, се врати во Визардс, а настапуваше и за Јута, Филаделфија и Индијана. Пред две години заигра во кинеската лига, а сега реши да се повлече.

Погледнете го кошот по кој Букер ќе остане запаметен, а веројатно ќе си најде и место во книгата на рекорди за најбрзо исфрлена топка во историјата на светската кошарка, не само на НБА:

- Оглас -

Најнови вести