Иднината на Мајкл Карик сè уште е неизвесна и се чека одлуката на раководството на Манчестер јунајтед дали тој ќе остане да биде тренер за следната сезона или не. Сепак, тренерот на Црвените ѓаволи размислува на долг план, па планира две големи засилувања за средниот ред за следната сезона.
За да му ја исполни желбата, раководството на клубот треба да потроши околу 150 милиони евра.
Се работи за одличниот фудбалер за врска од екипата на Аталанта, Едерсон, кој иако ги имаше договорено личните услови со Атлетико Мадрид, сепак трансферот пропадна кога на ред дојдоа преговорите за обесштетувањето.
Членот на Серија А посакува да добие 45 милиони евра фиксно, но и дополнителни бонуси, па целиот трансфер може да чини околу 60 милиони евра.
Вториот фудбалер е Матеус Фернандес од Вест хем, но за него од Манчестер јунајтед ќе мора да платат 90 милиони евра.

