Кариус: Здодевно е што уште се зборува за моите грешки во финалето во Киев

Германскиот голман Лорис Кариус, кој стана ѕвезда со двете грешки во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година во Киев, кога стоеше на голот на Ливерпул и му подари два погодоци на Реал Мадрид, по тој меч веќе никогаш не бранеше за Црвените на официјален натпревар. Го позајмија две години во Бешикташ, а од неодамна е позајмен во Унион Берлин.

„Не сакав да останам во Ливерпул за да бранам само на мечеви во англиските купови. Сакам редовно да бидам на голот. Имам договор со Ливерпул, но не знам каква ќе биде ситуацијата следното лето. Имам доволно искуство, од сите ситуации се обидувам да станам посилен. Ме нервира што новинарите тука во Германија зборуваат за она што се случи во Киев. Не можам да го сменам минатото, но поминаа две години, оттогаш бранев уште на 60 натпревари, за мене веќе е здодевно да се зборува за тоа“, изјави Кариус.

- Оглас -

Најнови вести