Кармата е кучка, играч на Интер им даде гол кој ги оддалечува од титулата (Видео)

Раџа Наинголан кој е позајмен од Интер во Калјари, го уништи својот клуб, и со гол во 78-ма минута за 1-1, го спречи Ешли Јанг да се фали дека бил јунак на дебито во Италија. Интер и трето коло по ред игра нерешено, и веќе почнива да го губи чекорот со Јувентус во трката за титулата во Серија А (три бода минус и еден меч повеќе од Јуве).

Белгиецот Наинголан има дадено дури 6 гола против неговата омилена жртва Интер, од кои четири во Милано.

За Лаутаро Мартинес кој погоди за Интер, ова беше 11-ти гол сезонава во Серија А, а седми за водство на Интер од 1-0, со што е изедначен со Чиро Имобиле од Лацио на листата на фудбалери кои најчесто го отворале резултатот сезонава.

Ешли Јанг на 12 меча сезонава за Манчестер јунајтед немаше ниту една асистенција, а во Италија асистираше за гол веќе на дебито.

Интер и Калјари не одиграле нерешено меѓусебе уште од февруари 2014 година. Во претходните девет меѓусебни дуели, Интер имаше шест  победи, а тимот од Сардинија три.

Ова е среќниот гол на Наинголан, бидејќи после шутот, топката со закачи Бастони и го измами Хандановиќ:

https://www.youtube.com/watch?v=2WA3Chzd8JI

- Оглас -

Најнови вести