Кармело Ентони ќе премине во Булс, но нема да игра за нив

Хјустон рокетс и Чикаго булс постигнале договор со кој искусното крило Кармело Ентони ќе премине во редовите на „биковите“. Но, Ентони нема да игра за Булс, туку ќе биде ослободен на седми февруари, кога како слободен ќе може да си најде нова клупска средина.

Најзаинтересиран за 34-годишниот Ентони е ЛА лејкерс, за којшто игра неговиот близок пријател Леброн Џејмс, со кого заедно влегоа во НБА во 2003 година, а беа и колеги во репрезентацијата на САД. Сепак, за да го купи Кармело, Лејкерс ќе мора да отпушти некој играч.

Како член на Хјустон, десеткратниот олстар-играч одигра само 10 натпревари и беше резерва. Последниот меч го одигра во средината на ноември. Едногодишниот договор му беше 2,4 милиони долари.

Ентони и во 2014 година беше на прагот да потпише за Чикаго булс, но во последен момент се премисли и остана во Њујорк никс.

- Оглас -

Најнови вести