Карлос Сајнц по трет пат победник на Дакар, Фернандо Алонсо заврши на 13 место

Легендарниот Карлос Сајнц е победник на Рели Дакар, кое годинава за прв пат се одржуваше во Саудиска Арабија. За Сајнц ова е трета титула на најпопуларното рели во светот, повторувајќи ги успесите од 2010 и 2018 година. Зад победникот, на второто место заврши ланскиот освојувач Насер Ал-Атија од Катар кој заостана 6 минути и 21 секунда. Трет е уште еден великан во релито Дакар, Стефан Петерхансел.

Во пресрет на денешната последна етапа, Сајнц имаше 10 минути пред Ал-Атија и Петерхансел, па на 167 километри долгата последна рута, загуби четири минути, но и тоа беше доволно за да остане прв во генерален пласман. Карлос Сајнц е татко на Карлос Сајнц јуниор кој е дел од Ф1 шампионатот.

На ова рели учествуваше и поранешниот двократен светски првак во Ф1, Фернандо Алонсо, кој на крајот стигна до 13 место во генерален пласман.

 

- Оглас -

Најнови вести