Касилјас го фали Јувентус: Трансфери со магија на Худини

Икер Касилјас го фали Јувентус, односно неговото раководство за брилијантните потези во последната декада и одличната трансфер политика.

„Јувентус е како Худини. Прават вистинска магија со трансферите“, ја пофали Старата дама, легендарниот голман.

И кога ќе се погледне списокот на засилувања и калибарот на играчи што беа доведени во Торино за „џабе“ пари тогаш станува јасно на што мисли Икер.

Последен во низата е Рабио од ПСЖ кој доаѓа како слободен играч, значи бесплатно, а идентично беше и со Погба, Пирло, Кедира, Џан, Бантанкур, Маркизио и уште неколку играчи што во „црно-белиот“ дрес доживеаја ренесанса.

 

- Оглас -

Најнови вести