Касилјас открива како му било по срцевиот удар: Се плашев да заспијам

Икар Касилјас голманот кој една и пол деценија бранеше за Реал Мадрид, а потоа направи трансфер во Порто, се присетува на времето на рехабилитација по преживеаниот срцев удар минатата година. На Касилјас неочекувано му се слоши за време тренингот на Порто, веднаш беше пренесен во болница, каде потврдија дека се работи за срцев удар.

По таа несреќа, Касилјас ја заврши играчката кариера, но успеа целосно да закрепне и сега работи како тренер на голманите во Порто. Легендарниот голман вели дека по срцевиот удар сосема поинаку размислува за некои работи во животот.

„По срцевиот удар некои работи се променија, посебно во главата. Почнав поинаку да гледам на животот. На секој момент треба да му се дава посебна вредност. Некогаш не го цениме тоа што го имаме и не веруваме дека можеме да ги направиме и другите луѓе да бидат среќни“, вели Касилјас, кој открива дека посебно тежок му бил периодот веднаш по срцевиот удар.

„Еден месец по срцевиот удар се плашев да чекорам, да спијам и да правам било какови физички напор. Ми беше многу тешко и се чувствував тажно. За среќа, сега е поинаку. Ги слушам советите на лекарите и само тие може да ми кажат што можам да правам, а што не можам“, открива Касилјас, кој во дресот на Реал Мадрид има одиграно 725 меча, а се радувал на 24 трофеи со Кралскиот клуб. Икер два пати бил европски, а еднаш светски првак со репрезентацијата на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести