13.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Катарскиот шеик се откажа од купување на Манчестер јунајтед

Катарскиот банкар, Шеикот Џасим бин Хамад Ал-Тани, реши да се повлече од идејата за купување на фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед.

Фановите на Јунајтед ќе бидат разочарани, бидејќи долго време бараат актуелните газди, семејството Глејзер од САД, кои од 2005 година го имаат клубот, да си замине и клубот да го преземе некој друг.

Вредноста на Црвените ѓаволи е проценета на 3,5 милијарди долари, а шеикот милијардер понудил речиси двојно повеќе од оваа сума и чистење на долговите.

Но, и тоа не било доволно за Глејзери да се согласат да му го продадат гигантот. Инаку, се бара и новите сопственици да гарантираат дополнителни вложувања од 1,5 милијарди долари околу стадионот, нови играчи и изградба на нов тренинг центар.

 

- Оглас -

Најнови вести