Катарците не жалат пари – Топ-понуда од Ал-Духаил за Чалханоглу, формулата е 8+8

Хакан Чалханоглу игра прекрасна сезона во Милан и е еден од најзаслужните што Росонерите имаат голема шанса да играат во Лигата на шампионите, па очекувано за турскиот репрезентативец има многу понуди.

Се шпекулираше дека и големиот ривал на Милан, Старата дама од Торино е заинтересирана за ангажман на 27-годишниот турски репрезентативец, а нова и многу атрактивна понуда стаса од Катар.

Ал-Духаил му нуди на Чалханоглу годишна плата од 8 милиони евра и плус уште толку при самото потпишување на договорот.

Летово на играчот што постигна 4 гола за Милан во Серија А, но и има 9 асистенции му истекува договорот. Росонерите најавија дека ќе му понудат продолжување на престојот во Милано на играчот за кого му платија отштета од 24 милиони евра на Баер Леверкузен во јули 2017 година.

 

- Оглас -

Најнови вести