Каваи Ленард направи трипл-дабл? Не е можно

После две титули и две награди МВП на големото финале, четири ол-стар настапи, крилото Каваи Ленард конечно за првпат во кариерата направи и трипл-дабл. Многумина се шокирани од овој податок, бидејќи Ленард е еден од најкомплетните играчи во НБА.

Каваи седми меч по ред дава барем 30 поени, негова најдолга таква низа, и му донесе победа на Лос Анџелес клиперс против Мајами хит од 122-117. Од 33-те поени против Мајами, 26 му беа во второто полувреме, а собра и по десет скока и асистенции. Тој двапати сезонава беше блиску до трипл-дабл, и конечно во третиот обид успеа.

Расел Вестбрук постигна 45 поени и тоа без да даде тројка, и стана прв бек по Двејн Вејд од 2007 на кој му успеало тоа. Расел по осми пат во кариерата имаше меч со 45 поени, 10 асистенции и пет скока, со што се изедначи со Оскар Робертсон и Џејмс Харден.

Феникс санс прекина црна серија од 11 порази по ред на гостувањата во Сан Антонио. Торонто го совлада Њујорк и има шест победи по ред, а Сакраменто прекина низа од шест порази едноподруго, откако го надигра Чикаго.

- Оглас -

Најнови вести