Кавани првпат на терен, прва нула на семафор

Манчестер јунајтед за првпат сезонава не успеа да постигне гол на еден официјален натпревар, па Црвените ѓаволи мораа да се задоволат само со 0-0 против Челзи во премиерлигашкото дерби. Тимот од Манчестер на првите три домашни меча сезонава во Премиерлигата немаат победа, и тоа е прва нивна ваква црна серија во последните 47 сезони.

Деби во дресот на Јунајтед имаше Уругваецот Единсон Кавани. Популарниот Еди има 33 години и 253 дена, со што е втор најстар дебитант кој се појавил Премиерлигата после Златан Ибрахимовиќ кој во англиското првенство првпат заигра на возраст од 34 години и 316 дена.

Јунак на гостите беше голманот Едуард Менди кој имаше неколку одлични одбрани. Сините не победиле на „Олд Трафорд“ на последните осум гостувања.

- Оглас -

Најнови вести