Кавани си оди од Манчестер јунајтед, ќе игра за уште еден легендарен клуб

Единсон Кавани ќе ја заврши сезоната во Манчестер јунајтед, а потоа ќе игра за Бока јуниорс, легендарниот клуб од Јужна Америка за кој настапуваше и Диего Армандо Марадона.

Кавани има актуелен договор со Црвените ѓаволи до крајот на оваа сезона, но и клаузула што може да активира уште една сезона престој во Манчестер.

Во случајот на Уругваецот таа нема да биде активирана, бидејќи Кавани веќе има договор со Бока јуниорс за следните три години.

Аргентинските медиуми објавија дека Кавани ќе добие вкупно околу 5 милиони евра за три сезони во Бока, што е сума која ја доби за една сезона во Манчестер јунaјтед.

 

- Оглас -

Најнови вести