Кавани: Сум играл пред многу пасионирани навивачи, така ќе биде и во Манчестер

Главниот трансфер на последниот ден од преодниот рок во Топ лигите во Европа беше очекуван, односно преселбата на Единсон Кавани во Манчестер јунајтед. Искусниот уругвајски голгетер, кој има 33 години, седум месеци нема играно фудбал, дојде како слободен агент откако си замина од ПСЖ, а договорот му е на една сезона, плус можност за уште една.

„Манчестер јунајтед е еден од најголемите клубови на светот, вистинска чест е да се биде негов член. Одвај чекам да заиграм за овој неверојатен клуб. Во мојата кариера сум играл за многу пасионирани навивачи, знам дека така ќе биде и во Манчестер. Одвај чекам да заиграм на полн Олд Трафорд, да ја почувствувам таа атмосфера кога ќе се дозволи враќање на публиката. Разговарав со менаџерот Солскјер и тој разговор само ја засили мојата желба да играм за Јунајтед“, изјави Кавани.

Кавани бил прв стрелец во италијанската Серија А и француската Лига 1, во Европа на клупска сцена за 13 години дал 341 лигашки гол, од кои 35 во Лигата на шампионите. Со 200 гола тој е прв стрелец во историјата на ПСЖ, а за Уругвај играл 116 пати и има 50 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести