Ќе бидат топовско месо на СП: Во репрезентацијата немаат постар играч од 22 години

Репрезентацијата на Јужна Кореја на Светското првенство во Египет допатува со јуниорски состав, што практично значи дека оваа азиска селекција се откажува од бркање висок пласман на Мундијалот. Јужна Кореја е една од селекции со најголема ракометна традиција во Азија, но овојпат на СП ќе игра со јуниорскиот тим.

Во составот на Јужна Кореја ниту еден ракометар не е роден пред 1998 година, односно не е постар од 22 години. Тоа всушност е јуниорскиот тим на оваа земја. Најдобрите ракометари на Јужна Кореја ги нема во Египет затоа што се на подготовки за квалификациите за Летните олимписки игри во Токио.

Поради стравот од корона-вирусот, Јужна Кореја реши на СП да ги испрати младинците, а нивниот главен фокус да биде обидот да се пласираат на ЛОИ.

Јужна Кореја е во група со Белорусија, Русија и Словенија, што значи дека многу очигледно е дека азиската селекција ќе заврши на последното место и нема да продолжи во следната фаза. Трите првопласирани од оваа група, во главната групна фаза ќе вкрстат со трите најдобри селекции од групата во која игра и Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести