Ќе биде ли ова една од најлудите трки во Ф1?

Ландо Норис како петти најмлад возач кој стигнал до пол позицијата, ќе биде предводникот на стартот на трката за Големата награда на Русија во Сочи. По 173 трки чекање, Мекларен повторно има стартна позиција во една Ф1 трка, а на Норис е да покаже дали ќе има сили за комплетно изненадување.

Освен Норис, изненадување се и позициите на останатите двајца кои се веднаш по Норис. Карло Саинц ќе стартува како втор, а Џорџ Расел е трет. Актуелниот светски првак Луис Хамилтон е дури четврти, но и покрај тоа, Британецот останува прв фаворит за победа.

Најголемиот ривал на Хамилтон, Макс Верстапен ќе има најголем предизвик на патеката во Сочи, затоа што ќе стартува од последната позиција. Сепак, Верстапен ќе биде со нов мотор и сигурно дека тој ќе атакува на висок пласман и нема да сака да му дозволи на Хамилтон да се одвои во трката за шампионската титула.

Интересно е што Верстапен е четврти фаворит за триумф на трката веднаш зад Хамилтон, лидерот на стартот Норис и вториоt возач на Мерцедес, Валтери Ботас, кој лани заврши како победник.

Откако трката во Сочи влезе во Ф1 календарот во 2014 година, Хамилтон има четири победи, Ботас се радувал два пати, а еднаш победил Нико Розберг во 2016 година.

 

- Оглас -

Најнови вести