Ќе биде нова трансфер сага – Реал и ПСЖ го притискаат Мбапе, големиот ас бара тајмаут

Реал Мадрид го притиска Килијан Мбапе што побрзо да се согласи да го засили Кралскиот клуб, а битката е жестока за еден од најдобрите фудбалери на светот бидејќи Пари Сен Жермен се бори до последен здив да го задржи и постојано ги зголемува понудите.

Мбапе сака да игра за Реал Мадрид и тоа е најверојатната варијанта за исходот на новата трансфер сага, но францускиот ас бара тајмаут, односно малку повеќе време за да ја соопшти одлуката за кој клуб ќе настапува во иднина.

Реал му нуди петгодишен договор со годишна плата од 40 милиони евра, а неговиот сегашен клуб има уште подобра понуда за Мбапе.

Светците од Париз имаат неверојатен план и понуда за Килијан, кој би добивал по 5 милиони евра месечно, над 100 милиони евра при самиот потпис на новиот договор со ПСЖ и буквално улога на спортски директор.

Мбапе би имал влијание при изборот на тренер(и) и играчи во ПСЖ, што е досега невидена варијанта за активен фудбалер.

Според најавите од Шпанија, францускиот ас веќе решил да игра за Реал Мадрид и одлуката треба да ја соопшти по утрешниот меч меѓу ПСЖ и Мец, или по одигрувањето на финалето во Лигата на шампионите меѓу шпанскиот гигант и Ливерпул на 28 мај во Париз.

 

- Оглас -

Најнови вести