Ќе биде шоу: Познати сите четвртфинални двојки за Мундијалот

На историското прво Светско првенство со 48 репрезентации, во трка за трофејот останаа само уште осум. Вкупно 40 селекции се елиминирани, а најдобрите го продолжуваат сонот да стигнат до највредниот трофеј во фудбалот.

Откако започна Мундијалот, денеска е првиот ден за одмор. Нема натпревари. Но, така ќе биде само денеска затоа што од утре продолжуваат возбудувањата, и тоа со четвртфиналните дуели. Првата четвртфинална пресметка ќе биде утревечер, меѓу Франција и Мароко. Следниот дел ќе играат Шпанија и Белгија. Победниците од овие два меча ќе играат меѓу себе во полуфиналето.

Вториот полуфинален пар треба да се бара од подобрите на дуелите меѓу: Норвешка – Англија и Аргентина – Швајцарија.

РАСПОРЕД НА МЕЧЕВИТЕ ОД ЧЕТВРТФИНАЛЕТО

09 јули: Франција – Мароко во 22 часот

10 јули Шпанија – Белгија во 21 часот

11 јули Норвешка – Англија во 23 часот

12 јули Аргентина – Швајцарија во 03 часот

- Оглас -

Најнови вести