Одлука на УЕФА што нѐ ни одговара – Балон во Обединетото Кралство, само Англија ќе биде домаќин на ЕП?

Македонија се пласира на првото Европско првенство во својата фудбалска историја, но најверојатно ќе го менува правецот на патување во јуни и нема да игра во Букурешт против Австрија и Украина и во Амстердам со Холандија, туку само во Англија.

Од седиштето на УЕФА во Нион се емитираат сè појасни сигнали дека само Англија ќе биде домаќин на јубилејното ЕП по повод прослава на јубилејот, 60 години од првиот шампионат.

Идеата за 13 градови домаќини на ЕП полека ги губи шансите поради паднемијата со корона-вирус, а како што наведуваат светските медиуми, Англија е расположена да биде домаќин на сите натпревари, освен на еден. Дуелот меѓу Шкотска и Англија, или британското дерби би се играло на „Хемпден парк“ во Глазгов, а се останато во неколку англиски градови.

Премиерот на Англија Борис Џонсон наводно се согласил за ваква варијанта, а проблемот со навивачите би бил решен со масовно тестирање на сите што ќе пристигнат во Англија за да ги следат натпреварите.

Ова е многу неповолна варијанта за Македонија, бидејќи Букурешт ни е блиску, па би имало многу повеќе навивачи, отколку во некој од градовите во Обединетото Кралство.

Дополнителен проблем се визите за влез во Англија, а се минува низ сложена процедура, особено за земја што не е членка на Европската Унија што е случај со Македонија.

Има варијанта и Русија да биде единствениот домаќин на ЕП од 11. јуни до 11. јули идната година, но сега Англија е топ-фаворит.

 

- Оглас -

Најнови вести