Ќе го извисат ли Дончиќ? Американците притискаат Јанг да биде дебитант на сезоната

Американците почнаа да притискаат Тре Јанг да биде избран за дебитант на сезоната, иако словенечката сензација Лука Дончиќ има подобри бројки.

Прв се јави поранешниот тренер на Мемфис гризлис, Лајонел Холинс, кој ги искритикува играта и учинокот на Дончиќ.

„Лука шутира само со 41 процент успешност и неговата игра се распаѓа. Ме потсетува на Џејсон Вилијамс. Секоја вечер гледавме снимки од неговите блескави потези, но и секоја вечер неговата екипа ги губеше мечевите во НБА-лигата. Тоа се вика празни бројки“, изјави Холинс.

Дончиќ во просек има по 21,2 поени на меч, со 7,7 скока и 5,9 асистенции, а Јанг, кој игра за Атланта хоукс, бележи по 19,1 поен, 8 асистенции и 3,7 скока.

И двете екипи, и таа на Дончиќ Далас маверикс и Јастребите на Јанг се во аут и нема да играат во плејофот, а имаат многу помалку победи од порази.

- Оглас -

Најнови вести