Ќе има хуманитарен спектакл во голф меѓу две голферски и две легенди на НФЛ

Двајцата најуспешни голфери во својата ера, Тајгер Вудс и Фил Микелсон планираат да одиграат голф-меч во парови заедно со легендарните квотербекови од НФЛ-лигата, Том Брејди и Пејтон Менинг. Целта на овој спектакл е да се соберат средства кои ќе се наменат во борбата против Коронавирусот, а треба да се одржи следниот месец. Она што е познато дека мечот ќе се игра „два на два“, а паровите се Вудс-Менинг, односно Микелсон-Брејди.

Преговорите околу организирањето на овој спортски настан уште траат во период кога спортот е во застој поради пандемијата со Коронавирусот, но потврдено е дека ќе се одржи со помош на „PGA Tour“ и „AT&T WarnerMedia“. Пресметката ќе се емитува на американските спортски канали со плаќање при преглед на чинот, на таков начин ќе се соберат средства, а нормално ќе се одржи без присуство на публика.

Вудс е освојувач на најмногу ПГА-турнири од сите активни голфери, има дури 82, од кои 15 се „мејџор“, додека Микелсон брои 44 трофеи, од кои пет му се највредни.

Брејди од неодамна се приклучи на Тампа Беј баканирс и го напушти тимот на Њу Ингланд пејтриотс по 20 години и рекордни шест освоени Супербоул титули. Менинг се пензионира во 2016 година, а во кариерата освои два Супербоул трофеи со Индијанаполис колтс и Денвер бронкос.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести