Ќе има ли влијание – Играчите на Барселона му изгласаа недоверба на Гризман (Фото)

Барселона е многу блиску до ангажман на Антоан Гризман, напаѓачот на Атлетико Мадрид дури наводно се согласил да игра за помала плата од таа што ја има во моментов, но дилот може да се наруши со бунтот на играчите.

Каталонски „Спорт“ на насловната страница денеска објави инфдормација дека фудбалерите на Барселона се против ангажман на Гризман.

Лани Гризман ја одби Барселона, што сега тешко им паѓа на играчите, кои не ја заборавија објавата на францускиот ас. Но, раководството на шампионот на Шпанија има поинаков план и е на прагот да се договори со Гризман и тоа со петгодишен договор, според кој одличниот напаѓач би заработувал по 17 милиони евра нето.

Треба да се напомене дека во анкета на „Спорт“ и навивачите се изјаснија против со 66 посто за ангажман на Гризман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести