Ќе има сензационален трансфер – Највисокиот играч во Англија од петта лига се сели кај шампионот

Манчестер сити најави сензационален трансфер на напаѓач од петтата по ранг англиска лига, откако биле воодушевени од неговиот настап викендов за Солихал Мурс.

Се работи за Кајл Хадлин, играч кој е висок 206 сантиметри и е највисокиот професионален фудбалер во Англија во моментов. Хадлин пред некоја година играше во седмиот ранг на натпревари во Англија, а од лани е член на Солихал Мурс, екипа што настапува во Националната лига на Англија.

Во ланското првенство Хадлин постигна 9 гола за тимот со кој има договор до 2022 година, а според интересот на голем број на клубови наскоро, веројатно и во овој преоден рок ќе игра за многу поголем клуб, а многу веројатна варијанта е да го купи шампионот Манчестер сити.

 

 

- Оглас -

Најнови вести