Ќе може да се прават пет измени, но по принципот 2+2+1

До крајот на мај треба и официјално да биде потврдена одлуката дека до финишот на сезонава и во целата наредна сезона ќе може да се користат по пет измени на фудбалери во текот на една средба.

Распоредот на натпревари ќе биде згуснат и затоа тренерите ќе имаат право на еден меч да сменат дури половина од играчите на терен, но нема да може играта да се прекинува десетпати на еден меч за двата тима да сменат по пет играчи.

Од ФИФА сметаат дека со поголем број измени, ќе се ублажат напорите на играчите, здравјето на фудбалерите е на прво место и предлогот е измените да се прават во три интервали, по системот 2+2+1. Значи, тренерите мора да сменат наеднаш по двајца играчи првите двапати, а на крај може да сменат или одморат уште еден фудбалер.

На мечевите на кои ќе се играат продолженија може да се направи уште една, шеста измена.

- Оглас -

Најнови вести