Ќе му конкурира на неверојатното промашува на Сикан од вчера – Дарвин Нуњес измисли утка од 100 милиони евра (Видео)

Сè уште не стивнуваат коментарите од вчерашната невидена утка на Данило Сикан од Шахтар, кој промаши празен гол од 4-5 метри на дуелот со Селтик, а вечерва се случи уште едно огромно промашување.

Дарвин Нуњес, засилувањето на Ливерпул вредно 100 милиони евра од Бенфика, утна чист зицер, и тоа сам без никој пред него и мрежата на Ајакс во Амстердам и наместо да зголеми на 2:0, ја погоди стативата.

Не се знае која утка, дали на Сикан или на Дарвин е посмешна и почудна.

Вчера резервниот играч на Шахтар остана сам пред голот на Селтик по блескавата акција на Мудрик, кој му асистираше на соиграчот за победа, а овој направи несфатлив потег во една од историските утки во Лигата на шампионите.

Тоа промашување го чинеше Шахтар да остане без победа и да биде на прагот на елиминација ако не го победи Лајпциг во последното коло.

- Оглас -

Најнови вести