Ќе се изненадите кој е фаворит на македонското дерби во АБА 2 лигата

Пелистер е фаворит против шампионот МЗТ Скопје во дербито од третото коло во АБА 2 лигата и според коефициентите што ги објави Sport Life, битолчани се поблиску до победа.

За победа на „зелено-белите“, коефициентот е 1.62, а ако победи МЗТ Скопје, може да ви ги помножи парите со коефициент од 2.23 во Sport Life. За нерешен резултат во регуларнио дел понудата е со квота од 13.5.

Sport Life за македонското дерби во АБА 2 лигата понуди 67 различни игри.

Мечот ќе се игра денеска во Осиек, а ова е прв меѓусебен дуел на двете екипи во Регионалната лига, во која Пелистер за првпат настапува.

Битолчани веќе го победија МЗТ Скопје во оваа сезона, и тоа во првото коло од македонското првенство со 82:79 на домашен терен.

Двете екипи имаат по една победа и пораз во првите две кола од Регионалното натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести