Ќе се памти и ќе се прераскажува: Денот кога фудбалски меч ја прекина крвавата војна

Божиќ е еден од најголемите празници во кои сите сакаат да бидат покрај своето семејство и заедно да се радуваат на убавите моменти. Велат дека токму на овој празник се случуваат чуда. Едно такво чудо се случи пред повеќе од 100 години.

На 25 декември 1914 година, во екот на Првата светска војна се случи едно чудо кое се памти и во светот на фудбалот. Војниците на Велика Британија стационирани во рововите, преку нишанот ги гледаа германските војници кои беа на другата страна и тоа на само 10-тина метри. Местото на битката било Фрелингхен, градче во северна Франција.

По неколкумесечните жестоки борби, на 25 декември, огненото оружје стивнало. Германските војници започнале да пејат Божиќни песни, а потоа им се приклучиле и Британските војници од спротивната страна. Иако смртни непријатели, тој ден, сите го славеле Божиќ.

Во еден момент, војниците ненаоружани започнале да излегуваат од рововите. За многу брзо време било договорено завојуваните страни да одиграат фудбалки меч на „ничија земја“.

Германците се фалат дека победиле со 3:2, но не се знае дали се одиграл само еден меч или имало повеќе натпревари тој ден во кој непријателите уживале во топката.

Примирјето таело до полноќ, а потоа повторно продолжиле борбите. Сепак, останува запишано дека тој Божиќ се случило вистинско чудо кога бил прекината војната да да се прослави Божиќ и тоа со играње фудбалски меч.

Во чест на тој неверојатен меч, пред стадионот „Вембли“ во Лондон има и споменик.

 

- Оглас -

Најнови вести