Ќе ве насмее во кризни времиња – Погледнете каков малер е Брендон Најт (Видео)

Брендон Најт беше еден од најталентираните кошаркари во неговата генерација, во НБА пристигна како осми пик на драфтот во 2011 година, а го одбра Детроит пистонс, тим за кој и сега настапува. Имаше неколку забележителни сезони, особено на почетокот на одисејата во НБА, но и се најде во неколку мошне непријатни ситуации.

Првата и веројатно најлегендарна е кога Де Андре Џордан со едно од најефектните забивања во историјата на НБА лигата и буквално го закова за паркетот.

Имаше уште неколку киксови, кои се паметат, а ви препорачуваме да го погледнете видеото и да се потсетите што се му се случуваше на 28-годишниот кошаркар во минатите 10 сезони во најсилната кошаркарска лига на светот.

 

- Оглас -

Најнови вести