Кејн и Нејмар имаат иста желба, да станат Црвени ѓаволи!

Манчестер јунајтед е клубот од соништата за фудбалските ѕвезди Хари Кејн и Нејмар. Има шпекулации дека Нејмар рекол дека би заминал од ПСЖ само ако дресот на Светците го замени со тој на Јунајтед, а член на Црвените ѓаволи сака да стане и Кејн, кој е легенда на Тотенхем, но бара нов предизвик.

Капитенот на англиската репрезентација преферира да остане во Премиер лигата и негов избор е Манчестер јунајтед, а раководството на Тотенхем повеќе би сакало да ја продаде својата ѕвезда некаде во странство. Интерес за Кејн има од Реал Мадрид, но тоа може да се случи само доколку си замине Карим Бензема.

Договорот на Кејн со Петлите од Лондон е до јуни 2024 година, а мотивацијата за останување во татковината му е обидот да стане најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата. Му фалат 48 гола и за да го надмине Алан Ширер, ќе му требаат барем уште две сезони во Премиер.

Нејмар не е многу популарен кај фановите на ПСЖ, често се повредува, недисциплиниран е, но има скап договор, неделна плата од милион фунти и претставува товар за клубот. Тој веќе испратил порака дека единствен клуб во кој би заминал летово е Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести