Кејн му даде гол на Сити и испиша историја (Видео)

Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, му донесе водство на својот тим во дербито против Манчестер сити, и испиша историја и клупска и на Премиелигата.

https://twitter.com/i/status/1622275907300851712

Кејн во 15-та минута го совлада Едерсон и стана најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем. Ова беше негов 267 гол за Петлите, но и 200-ти во Премиер лигата со што влезе во одбрано друштво.

Со голот против Граѓаните, Кејн го помина Џими Гривс на листата на најдобри стрелци во историјата на Тотенхем.

https://twitter.com/i/status/1622275803894489088

Тој исто така им се приклучи на Алан Ширер и Вејн Руни, како единствени фудбалери што постигнале 200 гола во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести