Кејн најави разделба со Тотенхем, но сака да остане во Премиер лигата

Хари Кејн ја изрази својата желба да го напушти Тотенхем по крајот на сезоната, а клубот нема многу избор освен да ја прифати одлуката на својата прва ѕвезда.

Англискиот голгетер посакува што поскоро да се реши неговата иднина, а како што најавуваат медиумите од Островот, Кејн би сакал да потпише за нов клуб пред почетокот на Европското првенство.

„Постигнав многу успеси на индивидуално ниво со мојот клуб, но остана желбата да освојувам што е можно повеќе трофеи до крајот на кариерата. Поради тоа станав фудбалер. Сакам да победувам и да ја поделам радоста со соиграчите така што заедно ќе креваме пехари. Се надевам дека тоа ќе се случи што поскоро“, изјави неколкупати Кејн во изминатиов период.

Неговата одлука го вклучи алармот кај богатите премиерлигаши. Наводно, Манчестер сити и Манчестер јунајтед, заедно со Челзи ќе ја почнат лицитацијата околу потписот на моментално еден од најдобрите стрелци во англискиот шампионат.

 

- Оглас -

Најнови вести