33.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Кејн жали што ја прифати понудата на Ливерпул

Херби Кејн во 2013 година ја прифати понудата на Ливерпул да биде дел од младинската Академија на актуелниот англиски првак и по шест години, си замина незадоволен од статусот на „Енфилд rоуд“.

Во октомври лани Ливерпул му го продаде Кејн на Барнсли за сума од 1.25 милиони фунти. Кејн беше еден од големите таленти на англискиот фудбал, сè уште е млад, има само 22 години, но не успеа да се наметне во Ливерпул.

Доби само една шанса да игра за англискиот гигант, лани на мечот од Лига купот против МК Донс, а сега вели дека направил грешка што потрошил шест години на „Енфилд роуд“.

„Кога би можел да го вратам времето, сигурно би донел поинаква одлука. Требаше да останам во Бристол сити“, вели Кејн.

Дека е талентиран за фудбал, потврдува и номинацијата во 2018 година во изборот за најдобар млад играч во Европа, заедно со Трент Александер-Арнолд и Бен Вудбурн, триото од Ливерпул што беше во конкуренција за престижната награда.

 

 

- Оглас -

Најнови вести