Ќерките на Шекил доминираат во средношколска лига (Видео)

Кога ви е татко еден од најдоминантните центри во историјата на кошарката, Шекил О`Нил, овој спорт мора да ви биде во крвта, па таков е случајот и со Амира (17) и Мијара (13), двете ќерки на популарниот Шек. Тие играат за средношколскиот тим Кросроудс роудранерс, и тоа доста успешно.

Шекил, кој има 47 години, со своите 216 сантиметри и 140-тина килограми некогаш доминираше на паркетот, освои четири титули во НБА, а сега е горд на своите наследници. Синот Шариф има 19 години и веќе го најавуваат како иден олстар-играч во најсилната лига.

Сега се актуелни и двете ќерки. „Малата“ Мијара е висока 190 сантиметри и како татко ѝ, игра на центарската позиција. И постарата Амира е во истиот средношколски тим, висока е 188 сантиметри и таа е центар и има просек од 17,2 поени по натпревар. Според потезите кои ги прави, се гледа дека ја продолжува центарската лоза на семејството О`Нил.

Нема да биде чудно ако за некоја година во НБА или ВНБА видиме дрес со бројот 34 и презимето О`Нил на грбот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести