Кеси бара полна вреќа пари, ја одби понудата на Милан за продолжување на договорот

Франк Кеси ја одби понудата на Милан да го продолжи договорот за пет години со годишна плата од 5.5 милиони евра, која би можела да биде максиму до 6.5 милиони со бонуси.

Репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска и Милан долго преговараат, но договор се уште нема, па можно е Кеси веќево јануарскиот преоден рок да си замине од клубот.

Во Милан стравуваат да не се повторат случаите со Џиџи Донарума и со Хакан Чалханоглу, кои исто така ги одбија понудите на Милан и си заминаа летово во Пари Сен Жермен, односно во Интер и двајцата како слободни агенти и без отштета за Росонерите.

Приказната на Кеси е интересна и тој дојде во Милан како позајмен играч од Аталанта во 2017 година. Играше со тој статус две години, па Милан го откупи договорот за 28 милиони евра и потпиша со 24-годишниот играч до јуни 2022 година.

Кеси може веќе во јануари да си замине како слободен играч според „Босман“ правилото за влез во последната година од договорот со клубот за кој моментно настапува.

За него има голем интерес, а се навестуваше трансфер во Пари Сен Жермен, потоа и во Тотенхем, два од неколку клубови што сакаат да го ангажираат играчот на Милан.

 

 

- Оглас -

Најнови вести