Кевин-Принс Боатенг доаѓа под наем во Барселона

Барселона ќе го доведе Кевин-Принс Боатенг од Сасуоло да биде резерва на Луис Суарес во крајот на сезоната. Каталонскиот гигант остана само со еден класичен напаѓач, па доколку Суарес се повреди, ќе нема кој да го замени, и тоа во клучниот дел од сезоната.

Досега никаде не се спомнуваше дека Боатенг може да дојде во Барселона, а Шпанците денеска тврдат дека работата е веќе завршена. Шпанскиот првак ќе плати два милиони евра за да го добие Боатенг за следниве неколку месеци, а доколку потоа сака да го откупи неговиот договор, на Сасуоло ќе треба да му доплати уште осум милиони евра.

Боатенг е еден од оние играчи кои често ги менувал клубовите, па може да се пофали дека ги носел дресовите на Херта, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Портсмут, Шалке, Милан, Лас Палмас и Ајнтрахт Франкфурт. Некогашниот репрезентативец на Гана има и германски пасош, па тоа е дополнително олеснување за Барселона бидејќи Боатенг нема да се води како странец во тимот.

 

- Оглас -

Најнови вести