Кевин Принс Боатенг ќе игра во 12-ти клуб во последниве 13 години

Турскиот гигант Бешикташ потврди дека до крајот на сезоната во своите редови ќе го има Кевин Принс Боатенг. Играчот кој може да игра како офанзивен во средниот ред или како класичен напаѓач, во Истанбул пристигнува како позајмен играч од Фиорентина.

Во дресот на Виолетовите пристигна на почетокот на сезоната, но одигра само 14 средби во кои даде еден гол. Некогашниот репрезентативец на Гана едноставно не успеа да се наметне во првиот тим и затоа оди на позајмица.

Боатенг е еден од оние играчи кои се „птици преселници“. Ако се погледне неговата кариера од 2007 година до сега, Бешикташ е 12-ти клуб за кој ќе игра. Започна во Херта, а потоа има играно и за Тотенхем, Борусија Дортмунд, Портсмут, Милан, Шалке, Лас Палмас, Ајнтрахт, Сасуоло, Барселона и Фиорентина, а сега Бешикташ е новиот предизвик за 32-годишниот искусен фудбалер.

 

- Оглас -

Најнови вести