Италијанецот Кими Антонели ја освои пол-позицијата за Големата награда на Велика Британија, откако беше најбрз во квалификациите на патеката „Силверстоун“, иако претходно изрази незадоволство што мораше прв да излезе на патеката во завршните обиди.
Возачот постави најдобро време од 1:28.111 минути и за 0,175 секунди беше побрз од Шарл Леклер, кој втора трка по ред ќе стартува од втората позиција. Од третото место ќе тргне Луис Хамилтон, кој, исто како и минатата недела во Австрија, ќе стартува од вториот ред, откако не успеа да стигне до пол-позицијата на својата домашна патека.
QUALIFYING TOP 10
— Formula 1 (@F1) July 4, 2026
Antonelli
Leclerc
Hamilton
Russell
Hadjar
Norris
Verstappen
Piastri
Lindblad
Lawson#F1 #BritishGP pic.twitter.com/v6xuGrL90h
Друштво на Хамилтон во вториот стартен ред ќе му прави Џорџ Расел, додека од третиот ред ќе стартуваат Исак Хаџар и минатогодишниот победник на британското ГП, Ландо Норис.
Зад нив се Макс Верстапен и Оскар Пјастри, а првите десетмина на стартниот грид ги комплетираат возачите на Рејсинг Булс, Арвид Линдблад и Лијам Лосон.
Само 0,032 секунди му недостигаа на Габриел Бортолето за место во завршниот дел од квалификациите, па возачот на Ауди ќе стартува од 11-тата позиција. До него ќе биде Пјер Гасли, а зад нив останаа Нико Хулкенберг, Оливер Берман, Карлос Саинц и Алекс Албон.

